Студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени

Утрово најстудено е во Берово со -7 степени, по што следуваат Крива Паланка со -5 и Скопје – Петровец и Демир Капија со -4 степени. Во Гевгелија, Прилеп и Тетово се измерени -3, а во Охрид, Виница и Крушево -2 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Според УХМР, во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
