Лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се сретнат на разговори во Брисел
Шефовите на држави и влади на ЕУ и земјите од Западен Балкан денеска ќе се сретнат на разговори во Брисел каде агендата на состанокот не вклучува одобрување на одлуки поврзани со проширувањето на ЕУ.
Ќе се разговара за можностите за економско зближување, за продлабочување на политичката интеракција како и за последиците од војната во Украина и соработката на полето на миграцијата. По завршувањето на средбата се очекува да биде подготвена заедничка изјава.
Средбата ќе се одржи во пресрет на последниот состанок на Европскиот совет во годината закажан за четврток, на кој се очекува да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Средбата со лидерите на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Северна Македонија, Косово и Црна Гора е можност да се разговара за „нов моментум“ за стратешкото партнерство меѓу Европската Унија и Западен Балкан, како да се продлабочи и да се придвижи кон заедничка иднина во Европската унија, според Европскиот совет.
Главните теми на самитот ќе бидат зајакнување на интеграцијата на регионот и ЕУ преку Планот за раст, продлабочување на политичкиот ангажман на ЕУ во регионот во повеќе области, вклучително и надворешната и безбедносната политика, како и зајакнување на економиите и ублажување на влијанието на војната во Украина.
Лидерите ќе разговараат и за соработката за управување со миграцијата и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
За време на вечерата, тие ќе разговараат за геополитичкиот контекст и предизвиците што ги засегаат и ЕУ и Западен Балкан.
Со самитот, за првпат, ќе претседава новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста. На крајот на самитот се очекува да биде усвоена декларација.
Европскиот совет наведува дека ЕУ е посветена на проширувањето и дека интеграцијата на регионот е веќе започната во различни области, подготвувајќи го теренот за пристапување и носи конкретни придобивки за граѓаните.
Планот за раст, објавен во 2023 година, има за цел понатамошно интегрирање на Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ преку унапредување на регионалната економска соработка, како и поттикнување на неопходните реформи.
Унијата тврди дека Планот за раст може да го удвои економскиот раст во регионот во следната деценија.
На маса ќе има и дискусии за целите на ЕУ за понатамошно продлабочување на нејзиниот политички ангажман со партнерите во регионот во области како што се надворешната и безбедносната политика, одбраната и отпорноста на хибридни и кибер закани за да се спречи странско мешање. Тие, исто така, сакаат да ја зајакнат соработката во борбата против дезинформациите и преку мерки за младите како што се областите на истражување, иновации, образование и социјалните политики.
„ЕУ останува најблискиот партнер на регионот, главен инвеститор и трговски партнер и главен донатор“, соопшти Европскиот совет.
Во таа насока, тие ќе разговараат и за континуираната поддршка на Унијата за партнерите во регионот за ублажување на економските, социјалните и безбедносните последици од војната во Украина.
Ќе се бара и зајакнување на соработката во управувањето со миграцијата, визната политика, борбата против тероризмот и екстремизмот, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и во судството и владеењето на правото.
Редовни годишни состаноци ЕУ-Западен Балкан се одржуваат од 2018 година.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење