Лидерите на АСЕАН ја потпишаа декларацијата за почеток на функционирање како политичко-економска заедница
Шефовите на држави и влади на десетте држави од југоисточна Азија денеска во Куала Лумпур, Малезија, ја потпишаа Декларацијата со која започнуваат реалните потези за функционирање на АСЕАН како политичка и економска заедница. Во регионот со над 620 милиони жители, во две етапи, до 2.020 и до 2.025 треба да се создадат услови за заедништво на економски, општествено-почитички и безбедносен план.
АСЕАН е групација во која членуваат Малезија, Брунеи, Индонезија,Сингапур, Филипините, Тајланд, Лаос, Мјанмар, Камбоџа и Виетнам. На ова подрачје во последниве 15 години се остварува забрзан развој, а со планираните вложувања, во енергетиката и инфраструктурата, кои ќе надминат 600 милијарди подрачјето ќе остварува вкупен БДП од над 5.000 милијарди долари.
На свеченото потпишување присуствуваа премиерите на Кина, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд. На првиот ден на Самитот на АСЕАН, вчера, учествуваа и американскиот претседател Обама и Рускиот премиер Медведев.
Поради заканите за терористички напади на локалните исламски радикали и заканите од ИД, учесниците на Самитпт во Куала Лумпур ги обезбедуваа над 10.000 полицајци и 4.500 војници.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место