Македонија
9. March 2024 - 20:03

Личните карти од понеделник ќе се подигнуваат во полициските станици

Од понеделник граѓаните ќе треба да ги подигнуваат личните карти од полициските станици во општините каде се заведени дека живеат по лична карта. Ако сте од Ѓорче Петров готовиот документ ќе треба да си го земете од полициската станица Ѓорче, ако сте од Карпош тогаш во полицијата Карпош. Новиот систем се воведува, бидејќи претходниот кога полициските службеници ги доставувале личните карти на домашна адреса, не дал ефект. 

„Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта“, наведуваат од МВР.

Но граѓани сведочат дека и сега по неколку пати одат во управните служби на МВР да си ги подигнат личните карти, но вработените не можат да им ги најдат, па стравуваат дека можеби на овој начин дополнително ќе се губат документите. Други пак оечкуваат дека ако се подигнуваат личните карти од општинските полициски станици, ќе се избегнат гужвите и хаосот. 

Но, подигнувањето на пасоши останува како и до сега. 

Но сепак пасошите остануваат најголем проблем. Според последните информации на МВР од вкупниот број на 2.500.000 државјани кои поседуваат македонска патна исправа, до сега променети се 1.400.000. Повеќе од еден милион се уште не ја започнале постапката.