Личните документи нема да се менуваат се додека не им истече важноста, доколку Македонија и Грција ги ратификуваат договорите
Личните документи нема да се менуваат се додека не им истече важноста, доколку и Македонија и Грција ги ратификуваат договорите за менување на името на државата во Република Северна Македонија. Од Владата велат дека промената ќе се врши сукцесивно, по истекот на важноста на пасошот, личната карта или возачката дозвола.
Премиерот Зоран Заев изјави дека по промената на уставното име на државата во Северна Македонија граѓаните нема да бидат изложени на трошоци за вадење нови документи на кои ќе стои новото име.
– Тоа е согласно Договорот кој тоа го дозволува и им гарантира на граѓаните дека нема да имаат дополнителни издатоци за одредени документи и слично, односно ќе се почитува рокот за истекување на документите, вели тој.
Според него, ова ќе биде еден инклузивен процес во кој и грчката страна во буквална смисла ќе биде заинтересирана македонската страна, како што вели, ден поскоро, месец поскоро, година поскоро да влезе во ЕУ, а со тоа и самата примена на внатрешната употреба да биде забрзана.
Сепак граѓаните би требало да се подготвени да издвојат дополнителни трошоци за нови лични документи, поседовни и имотни листови, изводи и слично…Само за промена на пасош, лична карта или возачка дозвола ќе треба да издвојат околу 50 евра по лице. За промена на лична карта или возачка дозвола, ќе треба да се издвојат уште најмалку по 400 денари.
– Процесот нема да е ни бавен, а најмалку евтин по џебот на граѓаните, затоа што согласно комисиите за ревидирање на историјата ќе мора да се смени и комплетната активна библиотека на учебници во основното, средното и високото образование, велат економските експерти.
И покрај тоа што се остава простор граѓаните да можат сукцесивно да ги менуваат личните документи, сепак тоа е издаток кој ќе значи голем издаток за, на пример, едно четиричлено македонско семејство со просечни примања од околу 400 евра ќе треба да издвои најмалку 250 евра.
Ново на Сител
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопје се буди, ВМРО- ДПМНЕ чествува 80 години од 13 ноември
-
Тема на денот со Моника Зајкова, лидерка на ЛДП
-
Прва регионална бекутан конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“
-
Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството
-
Ахмети: Плоштадите ќе бидат полни ако Уставен го допре јазикот