Лиценци од МТСП за даватели на помош и нега во домот во Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ќе додели дозволи за вршење дејност од социјална заштита на давателите кои ќе ја спроведуваат социјалната услуга за помош и нега во домот на територијата на општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани и Крушево.
Услугата е наменета за повозрасни лица, лица со намален функционален капацитет и лица со попреченост кои не се во состојба самите да се грижат за себе. Главна цел на новата услуга е да го подобри и одржи здравјето на ваквите лица на подрачјето на територијата на овие четири општини и да им помогне во извршувањето на активностите од секојдневниот живот, информира Министерството за труд и социјална политика.
Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.
МТСП најави дека лиценцата на Центарот за развој и едукација за општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани ќе биде доделена во село Долнени во 11.00 часот, додека врачување на лиценцата на Црвениот крст Крушево за територијата на оваа општина е во 14.30 часот.
На настанот во село Долнени ќе говорат министерката Тренчевска, градоначалниците на Долнени, Урим Ибески, на Прилеп, Борче Јовчески и на Кривогаштани, Николче Мискоски, како и претседателката на Центарот за развој и едукација, Марина Тошеска. На настанот во Крушево, покрај министерката Тренчевска ќе говорат и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, како и секретарката на Црвен крст Крушево, Софија Николовска.
Ново на Сител
-
И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
-
Проширувањето во фокус на средбата на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство
-
Два активни пожара, три ставени под контрола
-
Путин ги пофали „невидените“ врски со Кина на почетокот на разговорите со Си
-
Над илјада загинати по катастрофалниот земјотрес во Авганистан
-
Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун
-
Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени