-->
-->
Лице од социјален ризик доби донација од делчевскиот градоначалник
-->

Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски додели донација од елементи за кујна за скромниот дом на лице од социјален ризик од делчевското село Тработивиште.
-Животот во социјален ризик на Александар, беше повод за оваа донација, а целта е да се создадат нормални услови за живот во неговиот дом. Со овој чекор и донација која е обезбедена од мои лични средства уште еднаш сакам да покажеме дека никој не е заборавен. Сочувствуваме со нашите сограѓани и бараме начин да се решаваат проблемите, рече Трајковски.
Додаде дека ова треба да биде поттик и до останатите поединци и фирми со слични гестови да помогнат и барем малку да внесат топлина во животот на лицата во социјајен ризик.
Градоначалникот Трајковски порано донираше и на семејства во социјален ризик во селата Разловци и Вирче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
