Македонија
6. November 2018 - 9:20

Лице од социјален ризик доби донација од делчевскиот градоначалник

Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски додели донација од елементи за кујна за скромниот дом на лице од социјален ризик од делчевското село Тработивиште.
 
-Животот во социјален ризик на Александар, беше повод за оваа донација, а целта е да се создадат нормални услови за живот во неговиот дом. Со овој чекор и донација која е обезбедена од мои лични средства уште еднаш сакам да покажеме дека никој не е заборавен. Сочувствуваме со нашите сограѓани и бараме начин да се решаваат проблемите, рече Трајковски.
 
Додаде дека ова треба да биде поттик и до останатите поединци и фирми со слични гестови да помогнат и барем малку да внесат топлина во животот на лицата во социјајен ризик.
 
Градоначалникот Трајковски порано донираше и на семејства во социјален ризик во селата Разловци и Вирче.