Лице кое спречило тепачка во една кафеана, претепано во друга
З.В. (50) сопственик на угостителски објект лоциран во ТЦ Беверли Хилс синоќа се соочил со проблем откако при крај на работното време се обидел да ја изгасне музиката, по што група гости, кои дошле малку подоцна негодувале на одлуката на сопственикот и започнале вербална расправија со него.
-По расправијата Д.А. физички го нападнал сопственикот З.В., а за да не дојде до нарушување од поголем обем, И.С. (41) гостин во угостителскиот објект, застанал помеѓу лицата и сопственикот. Тогаш настанала турканица, и за кратко време од страна на групата гости биле фрлени неколку шишиња кон шанкот, по што го напуштиле угостителскиот објект. Околу 02:30 часот, И.С. заминал во друг угостителски објект и физички бил нападнат од страна на десетина лица, меѓу кои и лица кои учествувале во нарушувањето во претходниот угостителски објект при што му се нанесени телесни повреди, информираат од МВР.
Во мешаницата со неколку удари во главата бил нападнат и менаџерот на угостителскиот објект С.С. (25).
После нарушувањето, напаѓачите избегале од местото на настанот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПНЕ
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит