Лицата со телесен инвалидитет имаат потреба од поголема грижа поради пандемијата на коронавирус

Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар апелира до надлежните институции да водат поголема грижа за лицата со хендикеп во ситуацијата со ограничено движење на останатите луѓе кои во нормални услови би можеле да им помогнат. Тој потенцира дека лицата со хендикеп зависат од други луѓе и овие вонредни услови ги доведуваат во опасност нивното здравје и живот.
-Нашите членови се луѓе врзани дома за кревет, мора да им дојдат два-тројца од страна за да им помогнат, само до тоалет да отидат. Еве, на пример, во моментов јас сум сам дома, брат ми е живее во друга куќа, жена ми е во Скопје по потреба, доаѓаат за помош пријатели, роднини. Но, и тие се во категорија на постари лица и за нив е забрането да се движат во текот на денот, прво за нив е тешко, објаснува Велибор.
Тие како ранлива категорија на луѓе особено се чувствителни на вакви ситуации со ширење на заразни болести и затоа е потребна уште повисоко ниво на хигиена, одржување на здравјето кај лицата телесен инвалидитет, вели тој.
-За телесните инвалиди од особена важност се материјали за одржување хигиена, како влажни марамчиња, пелени, како и од заштитни маски и ракавици кога им доаѓаат други луѓе да им помагаат, а самите не ни можат ни смеат да излегуваат да ги набавуваат, вели Јаќимовски.
Тој потенцира дека доколку државата доследно ги спроведувала обврските од меѓународната конвенција за лицата со посебни потреби не би доаѓало до вакви ситуации.
-Таа конвенција предвидува центри за згрижување каде во случај на пандемија итно би се носеле и би имале 24 часа институционална грижа и заштита, објаснува Јаќимовски.
Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар брои 790 членови. Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп е донесена во рамки на Обединетите Нации од 2006 година. Тука е ратификувана во 2011 година.
Ново на Сител
-

МОМ предупредува: Превозот на тела на жртви од ебола го зголемува ризикот од ширење на заразата во ДР Конго
-

Иран: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата
-

СП 2026: Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар
-

Аларм за воздухот во САД пред финалето на Мундијалот: Чадот од канадските пожари стигна до Њу Џерси и Њујорк
-

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
