Лицата со инвалидност бараат живот без бариери и дискриминација

Живот без бариери и без дискиминација со еднакви права како останатите, посакуваат лицата со инвалидност кои денеска го одбележуваат 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.
Од тематската расправа што по овој повод се одржа во „Даре Џамбаз“ тие побараа еднаков третман како останатите граѓани, пристап до работни места и образование и живот без архитектонски бариери.
- Кај нас се говори, што лицата со инвалидитет не можат. Дајте еднаш да ја свртиме страницата и да кажеме што овие лица можат, вели Коце Димов од Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди, според кого покрај активностите што ги презема државата, потребно е да се промени и јавната свест за оваа категорија на граѓани.
Димов посочува дека на овој план досега е направено многу, но оти треба да се направи уште повеќе со цел да се подобри и олесни животот на лицата со инвалидитет. - Нашата држава досега има направено чекори напред и се надеваме дека тоа ќе биде импулс да продолжиме со поголем интензитет и да се обидеме да направиме еден подостапен живот за луѓето со инвалидитет, изјави Димов.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вети дека државата ќе биде посветена на реализација на активностите кои е во насока на подобрување на животот на лицата со инвалидност.
- Важно е денеска да го одбележиме денот, но уште поважно е 365 дена во годината да мислиме како да го подобриме живеењето на лицата со попреченост. Како министерка одговорно тврдам дека секој ден сме чекор поблиску до реализација на вашите права. Долги години сме сведоци дека нашите сограѓани кои се соочуваат со попреченост беа дискриминирани, немаа пристап до соодветни здравствени и образовни услуги и немаа пристап до вработување и сето тоа поради негрижата на државата. Но, тоа се менува бидејќи оваа Влада е иклузивна и секојдневно дискутира со вас за вашите проблеми, порача министерката Царовска.
Таа потсети дека уште во првите месеци од доаѓањето на новата Влада направени се законски измени со кои се олеснети одредени пристапи до права на лицата со попреченост. Со закон е регулирана персоналната асистенција во Македонија, а министерката најави дека во процес на подготовка е и програма која треба да стане реалност во 2018 година.
Лицата со инвалидност опфаќаат 10 проценти од вкупната популација. Годинава, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност се одбележува под мотото „Транасформација кон одржливо и прилагодливо општество за сите“.
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
