-->
-->
Либиската крајбрежна стража спречи 150 мигранти да стигнат до Европа
-->
Либиската крајбрежна стража соопшти дека пресретнала околу 150 мигранти, чија цел била да стигнат до брегот на европските средоземни држави.
Портпаролот Ајуб Гасим изјави дека мигрантите се вратени на брегот, како и дека ќе бидат префрлени во прифатен центар во главниот град на Либија, Триполи.
– Три големи гумени чамци со 1498 арапски и африкански мигарнти запрени се во близина на градовите Зуара и Сабрата. Меѓу мигрантите имаше 15 жени и 11 деца.
Либија стана главна транзитна точка за мигрантите на нивниот пат кон Европа.
Групите за заштита на човековите права ја обвинуваат либиската крајбрежна стража дека ги оставаат мигрантите на немилост на вооружените групи, под чија контрола се дел од мигрантските кампови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз