Либија започна воена операција против ИД
Меѓународно признатата Влада на Либија денеска соопшти дека нејзините сили започнале воена операција против „остатоците“ на џихадистичката група Ислмска држава (ИД) во земјата.
Силите лојални на либиската Влада на национално единство кон крајот на 2016 година, поддржани од американски воздушни напади, ги потиснаа борците на ИД од нивното главно упориште во Либија, градот Сирт.
По ова борците на ИД се повлекоа во пустинските реони и во неколку помали градови во западна Либија.
- Денеска пред изгрејсонце беше означен почетокот на воената операција „Татковиснка бура“, чија цел е уништување на остатоците на терористичката организација ИД. изјави владниот портпарол Фајез ел Сараџ.
Тој прецизираше дека операцијата се спроведува од територијата што се наоѓа на 60 километри јужно од Мисрата до реоните на местата Бани Валид, Тархуна, Мсалта, Хумс и Злитан.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции