Либан негира дека бродот што пристигнал во земјата превезувал товар со украдено жито
Либански царински службеник го оспори претходното тврдење на украинската амбасада во Бејрут дека сирискиот брод Лаодикеја, кој неодамна пристигна во Либан, превезувал товар со украинско жито украдено од Русија.
Висок царински службеник, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека царината го прегледала товарот и оти со него „се е во ред“ и дека документацијата на бродот била исправна.
На Лаодикеја има товар од 5.000 тони брашно и исто толку тони јачмен, за кој украинската амбасада во Либан изјави дека Русија ги украла.
Амбасадата тврдеше дека бродот пристигнал во пристаништето Феодосија на Крим, претходно овој месец, а потоа поминал 10 дена во Црното Море со исклучени системи за следење.
Руската амбасада во Бејрут соопшти дека тврдењата на Украина се „неосновани“.
Лаодикеја е под санкции на САД од 2015 година, поради поврзаност со властите на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата