Ли Кечијанг: Редот мора да се врати во Хонг Конг
Кинескиот премиер Ли Кечијанг се состана со лидерот на Хонг Конг, Кери Лам, денеска во Пекинг, по неколкумесечни насилни протести, што предизвикаа рецесија во таа специјална административна област на Кина, и нагласи дека насилството и хаосот мора да завршат.
Ли се сретна со Лам како дел од нејзините редовни консултации со Пекинг, за време на кои таа ќе се сретне и со претседателот Си Џинпинг.
Состанокот следува откако полицијата во Хонг Конг употреби солзавец врз демонстрантите во поранешната британска колонија, соочена со најтешката политичка криза што трае повеќе од шест месеци.
„Властите на специјалната административна област мора да продолжат со напорите да се стави крај на насилството и да се запре хаосот во согласност со законите и да се врати редот“, рече Ли на средбата со Лам, според телевизискиот пренос во живо.
Посетата на Лам на Пекинг се одвива во момент додека локалниот печат спекулира дали Си ќе и даде нови насоки за решавање на политичката криза, вклучително и можни промени во раководството на Хонг Конг.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила