ЛГБТ заедницата во Индонезија прераснува од социјален во политички проблем
Хомосексуалните врски во Индонезија не се забранети со закон, но по серијата одлуки за забрана на собири на ЛГБТ заедницата на универзитетите и во близина на верските објекти, благодарејќи најмногу на интернетот, во земјата се создаде политички проблем.
Тензиите ги покрена одлуката на Министерството за комуникации на Индонезија, која нареди од Твитер, Фејсбук и локалната мрежа Лајн да се симнат видео постовите на кои хомосексуалци, бисексуалци и транссексуалци ги промовираат своите врски и искуства. Според Министерството, интернет презентацијата на манифестациите на ЛГБТ приадниците не била во согласност со законските, а особено не со религиозните норми.
По оаа одлука денеска се огласија организациите за заштите на човековите права, кои побараа претседателот Јоко Видодо да ги укине забраните за јавни активности на припадниците на ЛГБТ заедницата. Борците за човекови права тврдат дека забраната за манифестација на припадноста на групи со различни ставови кон искажување на емоциите донесена за универзитетите, не е легална.
Тие бараат и ангажман на државата за укинување на драконските мерки против припадниците на ЛГБТ заеницата во провинцијата Ачех, каде што истополовите емотивни активности и манифестации се казнуваат со тепање со бамбусов стап на јавни места.
Советот на улемите, највлијателното тело на муслиманското свештенство во Индонезија, како одговор на барањата на организациите за заштита на човекви права, без дополнителни коментари, денеска објави податок дека меѓу 256-те милиони индонезиски граѓани има најмалку 750.000 регистрирани заболени од ХИВ/СИДА, а пред 15 години оваа болест во Индонезија ја имале помалку од 1.000 жители.
Ново на Сител
-
49-годишна жена пријавила дека била нападната со тврд предмет од нејзиниот сопруг
-
Црвен крст: Oбезбедни 34.836.205 денари за настраданите во пожарот во Кочани
-
Коцевски: Неприфатлива е политичката злоупотреба на трагедијата во Кочани
-
Студентите во Ниш ќе собираат утре парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани
-
Две повозрасни жени од Скопје биле измамени за пари со наводни сообраќајки на нивните ќерки
-
Затворски полицаец нападнат од осуденик во КПУ Затвор-Штип
-
Мелбурн оддава почит на жртвите на трагедијата во Кочани, зградата на Владата во боите на македонското знаме
-
Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани