Лежалки од 120 евра во Црна Гора
Црна Гора најави дека капалиштата ќе бидат отворени од 18 мај. Туристите ќе имаат многу поголема удобност затоа што плажите нема да бидат пренатрупани, бидејќи мора да се почитува задолжителното растојание помеѓу плажниот мобилијар.
Дефинирано е дека на 16 квадратни метри плажа може да бидат поставени само еден чадор и две лежалки.
Она што мачи многу туристи се цените. Но, сè уште нема официјален одговор на тоа прашање.
Во спомен на кралицата Марија Караѓорѓевиќ, која, како што велат, таму го поминувала времето, плажата кај островот Свети Стефан се вика Краличина.
Таа плажа ќе биде особено привлечна за туристите, затоа што социјалното растојание е веќе применето таму и удобноста на оваа плажа е навистина на високо ниво. Но изнајмувањето лежалки и чадори на оваа плажа чини 120 евра.
Во непосредна близина на Краличина плажа, се наоѓа и Краловата. Тоа е релативно мала плажа, долга само околу 200 метри.
Летната резиденција на кралот Никола, по кого е именувана, се наоѓа во близина на оваа прекрасна плажа.
И овде правилото на физичко дистанцирање важи веќе долго време. Мал број лежалки за плажа е достапен за изнајмување, а цената е речиси иста како на Краличина плажа.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица