Левица: Заев потпиша предавнички договор со самопрогласената држава „Косово“

Договорот кој е еден од 11те потпишани помеѓу Албин Курти и Зоран Заев, дозволува влез, престој и транзит на т.н. „Сили на безбедност на Косово“ низ територијата на Република Македонија.
Изговорот кој се користи за ваквиот срамен чин е дека силите на „Косово“ би служеле како помош на Македонија во безбедноста и итното реагирање за време на кризи. Но, тоа се лаги од страна на двата протекторатски вазали и немаат никаква подлога во реалноста. Слободното престојување на воени сили на друга држава на територија на формално суверена и независна Република Македонија, се чекор кон целосна окупација и вршење политичко влијание врз политиката од највисок степен. Особено кога се воени сили на нелигитмна држава, која е непризнаена од страна на Обединетите Нации.
Воените сили на „Косово“ се уште еден чекор кон остварување на фашистичкиот сон за Голема Албанија и ќе се користат како аргумент и страшило против секој слободоумен македонски патриот, особено политичките организации со анти-империјалистички карактер. Впрочем, токму на оваа средба со Заев, Курти ни соопшти дека Косово нема намера да ги екстрадира во Македонија осудените злостроници од случајот „Монструм“, што е уште еден акт на саботажа на македонскиот правен поредок.
Левица е против ваквиот договор и се залага да го укине, како и воопшто признавањето на „Косово“, штом дојде на власт. Не смееме да дозволиме Македонија да стане Палестина на Балканот.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
