Левица: Задоволни сме од излезеноста во урбаните општини, исклучок се општините Чаир и Сарај

Левица е задоволна од излезноста во урбаните средини во Скопје, но исклучок се како што велат од партијата општините Чаир и Скопје, каде има мала излезеност и, како што велат, наводи за поткуп во однос на мотивирање на граѓаните да не излезат на гласање. Во текот на изборниот ден, најголем број од пријавите за забелешки за изборниот процес биле во насока на нефункционалноста на голем број од уредите за електронска идентификација на гласачите.
-Помина денот на вториот круг од Локални избори за 2025 година, каде што за првпат претставник од Левица, учествуваше во изборниот процес за градоначалник на град Скопје. Задоволни сме од излезноста во урбаните средини. Исклучок секако е Општина Чаир и Општина Сарај каде што има неверојатно мала излезеност дури и наводи за поткуп во однос на мотивирање на граѓаните да не излезат на гласање што за нас е тешка повреда на изборното право, рече на вечерашната прес конференција портпаролот на Левица, Круме Богевски.
Тој додаде дека во текот на овој изборен процес се обиделе да покријат максимален број избирачки места со нивни набљудувачи.
-Очекуваме со тоа да бидат воочени сите нерегуларности. Во текот на изборниот ден, најголем број од пријавите беа во насока на нефункционалноста на голем број од уредите за електронска идентификација на гласачите. Па како и секоја година, изборна година идентификација со класичниот начин на идентификација со УВ ламби, рече тој.
Според него во однос на резултатите, нивните набљудувачи веќе ги известуваат дека резултатите кои што ги имаат се се уште неизвесни.
-Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалници, Амер Мециновиќ од Левица и Орце од ВМРО-ДПМНЕ. Засега знаеме дека во општините Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во општината Кисела Вода каде што актуелниот градоначалник Орце Ѓоргиевски учествува во изборите за вториот круг, дури забележавме дека има водство, што навистина ја отсликува волјата на народот, рече портпаролот на Левица.
Ново на Сител
-

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
-

Извештај на ЕК: Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите
-

Откриена спомен-биста на Илија Димовски - Гоче во Алејата на великаните на на градските гробишта Бутел
-

Тешко повреден малолетник во автобус на ЈСП поради нагло кочење
-

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни
-

„Политико“: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија
-

Ужас во Скопје: 46-годишник си ја силувал својата малолетна ќерка
-

Затвореник од Идризово со туѓа лична карта извадил седум брзи кредити во седум финансиски друштва
