Левица: Власта и опозицијата сложно го одбија предлогот за намалување на патните трошоци на пратениците
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пратениците, поднесени уште во април месец од страна на Политичката Партија Левица, пратениците одбија да го стават на дневен ред.
Измените, предложени од нашите пратеници Димитар Апасиев и Борислав Крмов, предвидуваат намалување на патните трошоци за пратениците во Собранието. Левица предложи промена во членот 31, каде наместо досегашните 20% од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок до максимум 5%, со што надоместокот практично се сведува на вредност од автобуски билет.
На поднесеното барање за оваа точка да биде ставена на дневен ред, од присутните 108 пратеници на вчерашната седница, само 19 пратеници гласаа ЗА.
Намалувањето на патните трошоци се тема сензитивна за јавноста, а граѓаните уште од поодамна го имаат ова барање. Патем, ова прашање е ветување кое речиси го има во програмите на сите политички парти, но, во пракса, никој досега од нив не се заложил за ова, особено не владејачките СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Засега Левица е единствена политичка партија која се залага за ова барање и има поднесено предлог измени за истото. Дополнително, пратениците од Левица се обидоа оваа идеја да ја застапат преку личен пример и се единствените пратеници во Собранието кои се откажаа од патните трошоци.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-
Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 51 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една
-
ДУИ прогласи победа во Липково и Пласница
-
СДСМ: Победуваме во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, водиме во Дојран но најверојатно ќе има втор круг
-
СДСМ прогласи победа во Крива Паланка
-
Кирил Пецаков прогласи победа во Охрид: Историска победа, благодарам Охриде!
-
Милошоски: Убедливо победуваме, по 20 години ќе добиеме градоначалник во Струмица
-
Иван Јорданов: Штип направи вистински избор со разлика од над 15.000 гласови, благодарам мој Штип!
-
Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто