Левица: Само со линеарно зголемување на пензиите ќе се заштитат најсиромашните пензионери
Левица изразува поддршка на протестите што беа организирани од страна на пензионерите ширум Македонија.
Овие протести се одраз на непрекинатата борба за социјална правда на нашите постари сограѓани, кои со години работа наназад придонесувале за државата, а моментално се соочуваат со предизвици во однос на финансиска стабилност и задоволување на основните човекови потреби.
На 14-ти Август во Скопје, најавен е масовен протест, а нивните барања се минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари.
Левица ќе застане рамо до рамо со пензионерите на 14ти Август во Скопје и ќе ги поддржи во борбата за пристоен живот.
Левица уште еднаш ја потврдува својата искрена борба за социјална правда и поддршка кон оние кои го заслужуваат најмногу - нашите пензионери.
Заедно во борбата за социјална правда и достојна пензија!
Левица
Ново на Сител
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши