Левица поднесе Иницијатива за забрана на работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола
Епидемијата на неофашистички здруженија кои никнуваат на територијата на Македонија, под покровителство на пробугарските СДС и ДУИ, кои имаат за цел да провоцираат и промовираат фашистички и асимилаторски вредности, мора да запре!
До Основното јавно обвинителство во Битола, Левица поднесе Иницијатива за забрана на работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 65 од Законот за здруженија и фондации.
Во Статутот на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“ Битола, донесен на Основачкото собрание на здружението, на седница одржана на 12 март 2019 година, се појаснува дека мисијата на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов.
Неспорно е дека на граѓаните на РМ им се гарантира слободата за здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Меѓутоа, јасни уставни и законски одредби ги определуваат границите на остварување на оваа слобода.
Со своите програмски цели и теренски активности за промоција на идеологијата и рехабилитирање на ликот и делото на Иван Михајлов, дејствувањето на Здружението е насочено токму кон разгорување на национална омраза и нетрпеливост, преземајќи активности кои се спротивни на Уставот и закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.
Ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Ванчо Михајлов, македонската нација и јазик не постојат! Здружението ја промовира оваа идеологија за промена на националната свест на македонскиот народ и во своите просотрии има поставено цитат од Иван Михајлов, во оваа насока.
Дејствувањето на Здружението е насочено кон негирање на слободите и правата на македонскиот народ за слободно изразување на националната припадност. Дополнително, Здружението на социјалните мрежи редовно објавува натписи со содржина со која разгорува национална омраза.
Рехабилитацијата на ликот и делото на Иван Михалов, кој светската историографија го смета за докажан соработник на Хитлер, е рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот – потикнувајќи чувство на национална и верска омраза и нетрпеливост кон Еврејската заедница во Македонија.
Очекуваме Основниот суд, во итна постапка, да донесе решение со кое се прифаќа во целост предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и се забранува работата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
-
Власта и опозицијата повторно се судрија за пензиите, кој доби, а кој загуби со линеарното покачување
-
Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори