Македонија
6. November 2021 - 15:50

Левица: Овој договор не значи коалицирање, туку е со цел да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ

На координативна средба политичките партии – Лeвица, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Беса договорија пад на Владата на СДСМ-ДУИ, конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција, велат од Левица.

„Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка.

Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ.

Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно – како единствен политички претставник на македонската угнетена класа.

За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство,“ се вели во соопштението.