Левица ќе поднесе кривична пријава против Зоран Заев

Политичката партија Левица најави дека ќе поднесе кривичната пријава против премиерот Зоран Заев за сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на „загрозување на независноста“, а причините за тоа ќе ги образложи на утрешната прес-конференција пред седиштето на Основното јавно обвинителство – Скопје.
- Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање, се вели во соопштението на партијата.
Ново на Сител
-

Сиљановска го пречека Бегај
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно пратеничко прашање од СДСМ за случајот Груби
-

СДСМ: Српски служби во случајот Груби
-

Кочани на достоинствен начин ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“
-

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
