Левица: Димитар Апасиев на могилата на непобедените оддаде почит на борците на НОБ

Денес, делегација на Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев и членовите на Президиумот, Бранко Ристов и Јован Крајевски, положија свежо цвеќе на Могилата на Непобедените во Прилеп - градот кој го најави организираниот отпор против фашистичкиот окупатор.
Почит кон народните херои, кои животот го положија за слободна и АСНОМ-ска Македонија, оддаде и нашиот член на Централниот Комитет - Иван Јованоски, кој вчера беше прекршочно осуден од судовите на Заевизмот.
Во овие тешки и мрачни времиња по македонската државотворност, македонскиот народ треба да е свесен дека, иако Републиката многу пати била поробена, таа никогаш не била покорена.
Во духот на АСНОМ, потсетуваме дека единственото средство кое не може да ни го одземат привремените квинслинзи - е борбата. Борбата ќе остане најсилното оружје кое повторно ќе помогне да не биде избришан македонскиот народ.
Наша задача ќе биде повторно, следејќи ги искуствата на хероите од Народно-ослободителната борба, да го трасираме патот до враќање на државата на АСНОМ-ските темели, при што македонскиот народ повторно ќе се најде на вистинската и праведна страна на Историјата.
Да живее АСНОМ - да живее Македонија!
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
