Левендис: Владата да ја притисне ПЈРМ да промени став во прашањето за името

Лидерот на малата грчка партија, Сојуз на централисти, Василис Левендис, се залага да нема отстапки од позицијата против сложено име со вклучен терминот Македонија и воедно ја повикува грчката влада да ја притисне нашата земја да промени став во прашањето за името, наведува грчката агенција АНА-МПА.
Левендис се сретна со шефот на грчката дипломатија, а средбата поминала во многу добра клима.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Левендис по средбата со Коѕијас изјави дека Сојуз на централисти остануваат верни на нивните ставови и во Парламентот нема да гласаат за евентуален договор за име со вклучен терминот Македонија.
- Господинот Коѕијас верува дека ако Скопјаните направат уште неколку отстапки, веројатно ќе се најде решение. Секако, кога вели решение, мисли на тоа да го содржи терминот Македонија. И ова го кажа без страв, рече дека сме голема држава и нема зошто да се плашиме од една помала држава, од Скопје. Но, јас му одговорив дека Турција е десет пати поголема од Грција, така што со истата логика, Турција ќе треба да прави што сака и ние да и се покориме на Турција, рече Левендис по разговорите со шефот на грчката дипломатија.
За попладневните часови закажана е последната средба на шефот на грчката дипломатија со лидерите на политичките партии во рамки на циклусот средби за брифирање за текот на преговорите. Никос Коѕијас овојпат ќе се сретне со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос откако лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис одби брифинг со Коѕијас и побара тоа да го стори Ципрас.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
