-->
-->
Левандовски го постигна вториот најбрз гол на Европските првенства
-->

Капитенот на полската репрезентација Роберт Левандовски влегува во историјата на Европските фудбалски првенства како стрелец на вториот најбрзо постигнат гол на шампионатите.
По само 1 минута и 40 секунди игра на синоќешниот меч од осминафиналето против Португалија, Левандовски и донесе предност на селекцијата на Полска, која подоцна беше елиминирана во пенал „рулетот“.
Сепак, овој гол на Левановски постигнат по 100-секунди игра, не вториот најбрзо постигнат погодок на завршницата на шампионатите.
Рускиот фудбалер Димитриј Кириченко на дуелот одигран на ЕП 2004 година против Грција (20 јуни 2004 година), постигна гол за Русија по само 67 секунди игра, во мечот кој подоцна неговата селекција го доби со 2:1.
Претходно вториот најбрз гол на Европските првенства беше во сопственост на Роби Брајант и тоа токму на ЕУРО 2016, кога членот на Република Ирска од пенал по 120-секунди и донесе предност на својата селекција над Франција, но тоа не беше доволно Ирците да минат во четвртфиналето, бидејќи домаќинот забележа победа со 2:1.
Во историјата на Европските шампионати се впишани уште четири гола кои се постигнати во првите три минути.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
