-->
-->
Лев против проширувањето на Светското првенство
-->
Селекторот на германскиот национален фудбалски тим Јоаким Лев не се согласува со предлогот за промена на форматот на Светското првенство, според кој на турнирот би учествувале 48, наместо 32 репрезентации.
Новиот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино пред два дена изјави дека би можело турнирот ќе да се прошири од 32 на 48 учесника.
Тој соопшти дека ја разгледува идејата 16 репрезентации место во групната фаза да обезбедат преку плеј-оф, а 16 да имаат обезбедено учество во групната фаза.
Лев за агенција ДПА изјави дека не е запознаен со конкретни планови, но според него сегашниот формат со 32 репрезентации е идеален и совршен за Мундијалот.
- Најдобрите селекции треба да играат на Светското и Европското првенство. Ако се зголеми нивниот бројот ќе се разводни на квалитетот на турнирот, рече Лев, кој во 2014 година со Германија го освои Светското првенство во Бразил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана