Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со значително намален распоред, објави порталот „Екс ју авијација“.
Авиокомпанијата во мај годинава одлучи да ги суспендира летовите од 1 февруари до 28 март 2026 година, за време на зимскиот распоред 2025/26, кој трае од 26 октомври до 28 март. Сепак, според објавата, оваа недела „Луфтханза“ ги ревидирала своите планови и закажала три неделни лета помеѓу двата града, кои ќе се реализираат во понеделник, петок и недела, во текот на февруари и март, што е намалување во споредба со десетте неделни летови во тие месеци оваа година.
- На линијата ќе лета авион Ербас А319. Според тековниот распоред на Луфтханза, авиокомпанијата планира да извршува десет неделни летови во ноември и декември, по што ќе следат седум неделни ротации во јануари. Јануарскиот распоред нема да вклучува дневна услуга, туку ќе вклучува два лета во одредени денови од неделата, се наведува во објавата.
„Луфтханза“, како корисник на субвенции од македонската Влада ја опслужува линијата Скопје-Франкфурт од април 2023 година, кога превезе 73 456 патници, а во 2024 година 105 653.
Министерството за транспорт на почетокот на месецов најави пет нови авиолинии од Скопскиот аеродорм. Со „Визер“ од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Се воведува и претходно најавената линија до Ларнака, Кипар.
Во првата половина од годинава од Скопскиот и Охридскиот аеродром вкупно се превезени 1,5 милион патници што е зголемување за 5 проценти, односно 11 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
-

Променливо облачно и посвежо
