Летонската Влада поднесе оставка
Летонската премиерка Лајмдота Страујума денеска соопшти дека Владата поднесува оставка.
Како што јави ТАСС, таа ова го стори по средбата со претседателот Рајмондс Вејонис. Шефот на државата ја прифатил оставката на владиниот кабинет.
-Владата усвои два државни буџета, успешно се справи со претседателството во Советот на ЕУ, за кое се уште добиваме позитивни оценки. Државата е во добра состојба - во текот на третото тримесечје на оваа година БДП-то на Летонија се зголеми за 3,3 отсто во споредба со минатата година, се зголемија платите, има позитивни промени во извозот во споредба со нашите соседи..., инвестициите се за шест отсто поголеми од минатогодишните. Државата е во добра состојба, изјави Лајмдота Страујума.
Претседателот Вејонис, меѓутоа, смета дека Владата, предводена од Страујума, веќе не работи добро.
Оставката на летонскиот премиер се заговараше уште минатата недела, пред се, поради сериозната критика на буџетот за 2016 година, што беше усвоен на 30 ноември и поради одлуката на Владата следната година да се зголемат платите на државните службеници за 600 до 700 евра (за 20 со 30 проценти), а меѓу кои и примањата на премиерот и министрите.
Самата Страујума тогаш објасни дека не знаела за овие планови, бидејќи во тоа време била во посета на Кина.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет
-
Камбовски: Според сегашните закони само Советот може да ги разреши членовите
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов
-
Обвинителството прибира докази за сообраќајката во која загина Фросина
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок
-
Во Прилеп започна промената на водоводната мрежа во центарот на градот
-
Стартува проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на западен балкан
-
Охрид ќе добие катна гаража и нов плоштад