Летното сметање на времето го уништува здравјето, тврди експерт
На 27 март ќе започне летното сметање на времето со поместување на стрелките на часовникот еден час нанапред, од 2 на 3 часот по полноќ. Преминот на летно сметање на времето долго време е предмет на многу анализи бидејќи научниците веруваат дека поместувањето на часовникот може да има сериозни здравствени последици.
„Промената на времето е исцрпувачки за телото“, рече д-р Даг Кирш, портпарол на Американската академија за медицината на спиењето. „Мислам дека укинувањето на тој е чекор во вистинската насока“.
Наместо тоа, тој вели дека треба да се држиме до стандардното време. Тој рече дека разбирањето на биологијата е важно кога се донесуваат одлуки кои вклучуваат деноноќен ритам или внатрешниот часовник на телото.
„Нашата биологија диктира дека како луѓе најдобро спиеме кога е светло наутро и темно навечер“, рече тој.
Кирш смета дека стандардното време трајно ќе има подобар резултат.
„Науката сугерира дека спиеме подобро и затоа ќе бидеме поздрави, повнимателни, ќе правиме помалку грешки, ќе имаме помалку несреќи“.
Според податоците, во деновите по промената на часовникот има зголемен број на сообраќајни незгоди.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта