Летна школа по мајчин јазик за децата од дијаспората
Во наредните седум дена, 50 деца од Шведска, Германија, Австрија, Данска, Хрватска, Швајцарија и други земји ќе имаат можност заедно да учат, другаруваат и да ја запознат македонската историја, традиција, култура и јазик.
Децата учествуваат на традиционалната Летна школа по мајчин јазик за децата од дијаспората, по потекло од Република Северна Македонија, во организација на Агенцијата за иселеништво.
Како што соопшти Агенцијата за иселеништво, од 19 до 21 јули годнава во Конгресниот центар во Охрид се одржа Форум на наставници кои реализираат настава по македонски и албански јазик во иселеништвото.
На Форумот, кој е во организација на Агенцијата за иселеништво, учествувале 12 наставници од Берлин, Мелбурн, Панчево, Нови Сад, Загреб, Франкфурт, Мајнц, Локарно, Копенхаген и Осло.
– Првиот работен ден наставниците имаа излагања за состојбата на наставата по мајчин јазик во дијаспората (позитивните страни, недостатоците и потешкотиите со кои се соочуваат во својата воспитно-образовна работа) во присуство на директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, раководителот на одделението за култура Дора Ангелова, претставник од Министерството за образование и наука и советници од Бирото за развој на образованието, се вели во соопштението од Агенцијата за иселеништво.
Во рамки на Форумот спроведена е обука за наставниците на тема „Планирање и реализација на наставата по мајчин јазик и културно наследство на Република Северна Македонија за образование на децата од дијаспората“. Последниот ден од Форумот наставниците донесоа заклучоци и предлози кои, како што се наведува, како официјален документ ќе бидат проследени до соодветни институции.
Учесниците на обуката се стекнаа со сертификати од Бирото за развој на образованието и Агенцијата за иселеништво.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија