„Летачкиот човек“ си вгради оружје до главата
Британскиот пронаоѓач, „летачкиот човек“ Ричард Браунинг во 2017 година, преку својата компанија Гравити.ко го претстави костим-леталото „Џет-пек“ инспирирано од суперхеројот Ајронмен. Сега, со помош на Јутјуб-ѕвездата Џејмс Бретон го опреми својот „костим” и со автоматско оружје што се управува со движење на главата.
Поради безбедносни причини, за изработката на прототипот не е користена права пушка, туку вештачка, со пластични сачми. Без оглед на тоа, на конструкторите им било важно да докажат дека леталото може да се користи и како воено оружје.
Браунинг, со својот пронајдок пред две години постави и Гинисов рекорд летајќи со брзина од 51,53 километри на час. Но, притоа целиот погонски систем е сместен на рацете на пилотот.
Поради управувањето, пак, рацете не може да се користат за други функции, како на пр., снимање и пукање со оружје. Се чини, и тој проблем е решен. Имено, Бретон во кацигата вградил сензор што забележува во која насока гледа пилотот и, препознавајќи ги движењата на човекот, да командува со системот за управување со оружјето.
Следно што треба да се осмисли е заштитна преграда меѓу оружјето и увото, доволно силна да спречи оштетување на слухот поради рафалите на автоматската пушка.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг