-->
-->
Лестер ја прекина катастрофалната серија на порази
-->
Лестер го совлада Квинс Парк Ренџерс со убедливи 6:2 во натпреварот од 3.коло од ФА Купот.
Тимот на Руд Ван Нистелрој на тој начин ја прекина катастрофалната серија на порази, откако ги загуби претходните пет натпревари во Премиер лигата со гол разлика 2:16.
Ова е само втор триумф откако Холанѓанецот пристигна на клупата на „лисиците“, прв по повеќе од еден месец.
Десниот бек Џејмс Џастин го отвори и затвори резултатот на стадионот на Лестер, а домашните погодија и преку Мавидиди, Буонаноте, Варди од пенал и Фаес во судиското надополнување.
Џонатан Варан и Рајан Коли погодија за гостите од Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп