Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Татран Прешов
Ракометарите на Еурофарм Пелистер лесно и убедливо го совладаа словачкиот претставник во СЕХА-лигата, Татран Прешов, со 28:16 (11:7).
Битолскиот тим подготвен влезе во натпреварот, наспроти гостите кои пристигнаа со 11 ракометари и во ниту еден момент од средбата не покажаа дека може да направат изненадување. Дополнителна потврда за впечатокот е движењето на резултатот кој во 51 минута покажуваше 12 голови предност за домашната екипа.
За рутинската победа на битолчани најзаслужни се Граѓан кој постигна 7 и Периќ кој постигна 6 голови, но и 15 одбрани на голманот Хандави кој постигна и еден гол на средбата впишувајќи се во листата на стрелците.
Во фер и коректен натпревар, судиите од Хрватска, Милошевиќ и Губица имаа лесна задача да арбитрираат на оваа меѓународна средба што се одигра во рамки на СЕХА-лигата.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
