Македонија
11. November 2016 - 14:12

Леш во фаза на распаѓање пронајден на Стража

Во 09 часот и 40 минути од српсото МВР од заедничкиот контакт центар-Табановце, било пратено известување дека нивна патрола на околу 20 метри од државната граница во македонска територија, во реонот на Стража, забележала леш во фаза на распаѓање.

Полициски службеници пронашле човечки череп на местото на настанот.

Поради непристапност на теренот, односно отежнато движење со возила и стемнување, СВР Куманово увид на местото на настанот ќе изврши во текот на денешниот ден.