-->
-->
ЛЕ:Рашфорд си обезбеди место во историјата на “Црвените ѓаволи“
-->
Тинејџерот Маркус Рашфорд, во четвртокот вечерта, испиша нова страница во историјата на еден од најдобрите светски клубови, Манчестер Јунајтед. Рошфорд, во победата на Јунајтед над Митјиланд (5:1), во Лига Европа, постигна два гола и стана најмладиот стрелец на ’црвените ѓаволи’, во европските купови.
Рошфорд има 18 години и 117 дена, шанса да дебитира за првиот тим на Манчестер Јунајтед доби сосема неочекувано, откако на загревањето пред мечот со Митјиланд, се повреди Ентони Марсијал.
Младиот напаѓач, во второто полувреме постигна два гола, односно вториот и третиот со кој на Јунајтед му ја обезбеди победата и пласманот во осминафиналето. Воедно тој го собори рекордот на Џорџ Бест од 1964 година, кој првиот гол во европските купови го постигнал кога имал 18 години и 158 дена.
„Немав друг избор, Рошфорд мораше да игра. Беше одреден да биде на клупата за овој меч бидејќи е идеална замена за Марсијал. Одигравме одличен меч, особено добри беа младите играчи. Не им беше лесно на Рошфорд и Рајли (19) да дебитираат на еден европски меч, пред се поради притисокот бидејќи моравме да победиме. Сепак тие одиграа фантастичен натпревар“, рекол по мечот менаџеорт на Јунајтед, Ван Гал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка