Леонард Коен бил погребан уште пред да биде соопштена веста за неговата смрт
Легендарниот канадски музичар и писател Ленард Коен бил погребан на еврејските гробишта во Монтреал уште пред да биде соопштена веста за неговата смрт, пишува весникот „Торонто стар", цитиран од агенциите.
Коен починал на 82-годишна возраст во Лос Анџелес, САД, уште во понеделникот, но веста за неговата смрт беше соопштена доцна навечер во четвртокот.
„Ленард сакаше да биде погребан според традиционален еврејски обичај, заедно до своите родители, дедовци и прадедовци", соопшти синагогата, на која познатиот бард и бил "омилен и почититуван" посетител.
На погребот присуствувале само членовите на семејството на музичарот, соопшти негов пријател.
На церемонијата била пуштена песна од последниот албум, кој излезе на 21 октомври, „You Want It Darker".
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај