Лекорну: Франција и нуди разузнавачки информации на Украина
Франција и нуди разузнавачки информации на Украина, изјави денеска министерот за одбрана, Себастиен Лекорну, еден ден откако Вашингтон соопшти дека го прекинува споделувањето разузнавачки информации со Киев, во обид да го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.
- Имаме разузнавачки ресурси што ги користиме за да им помогнеме на Украинците, изјави Лекорну за радио станицата Франс Интер.
„Тоа е суспендирано од вчера попладне“, додаде тој, мислејќи на размената на американски разузнавачки информации со Украина.
„Мислам дека за нашите британски пријатели кои се во разузнавачката заедница со САД, тоа е покомплицирано“, нагласи Лекорну.
Лекорну, исто така, рече дека резервите на нуклеарно оружје на Франција, развиени во раните денови на Студената војна и дизајнирани да бидат независни од тогашните доминантни сили Вашингтон и Москва, се доволни.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш