Лекарите и рекле дека не може да има деца, а таа двапати родила близнаци

Дваесет и четиригодишнате Кетрин Меккалок од британскиот град Ипсвич мислела дека никогаш нема да има деца, поради ретката карлична болест.
Таа и нејзиниот сопруг Арон веќе се помирила со тоа, кога дознале дека Кетрин носи двојајчени близнаци. Брејден и Логан денес имаат две години и се целосно здрави.
- Тоа е вистинско чудо. Не може да се опише колку сме среќни што имаме големо семејство откако мислевме дека воопшто нема да имаме деца. Секогаш сум сакала да имам деца па ми беше навистина тешко кога ми рекоа дека никогаш нема да бидам мајка, изјави Кетрин за „Дејли Мејл“.
Таа и сопругот Аарон престанале со користење на котрацепции кога дознале за нејзината дијагноза, а две годии потоа Кетрин забележала дека и доцни месечниот циклус.
- Никогаш не ми се случило и навистина знаев дека нешто се случува. Не можев да верувам кога направив тест за бременост, откри таа.
Првата бременост поминала без проблеми, но лекарите и натаму тврделе дека тешко ќе има уште деца. По совети на лекарот таа почнала да зема контрацепциски таблети, но нуспојвите биле многу непријатни, па таа ги прекина.
Наскоро добила нови добри вести дека повотрно е бремена и тоа повотрно со близнаци.
- Тоа е многу напорно, но навистина вреди за секоја секунда, тврди оваа среќна мајка.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
