Лекари: Ракот на Бајден е неизлечив, но има добри вести
На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, кој се проширил на коските, објави вчера неговиот кабинет.
„Минатата недела, поранешниот претседател Џо Бајден беше прегледан поради појава на јазол на простатата, откако забележа зголемени уринарни симптоми. Во петокот му беше дијагностициран рак на простата со Глисонов збир 9 (највисок степен, група 5), со метастази на коските“, се наведува во соопштението и се додава: „Иако станува збор за поагресивна форма на болеста, ракот е чувствителен на хормонска терапија, што овозможува ефикасно лекување.“
Бајден (82) и неговото семејство „во моментов ги разгледуваат можностите за лекување со своите лекари“, се наведува. Оваа вест доаѓа неколку дена откако портпаролот на Бајден изјави дека поранешниот претседател бил на преглед поради „мал јазол“ откриен на простатата.
„Ракот на простата е многу честа болест“, рече д-р. Јамин Брамбат, уролог и хирург од здравствениот центар Орландо Хелт и доцент на Медицинскиот факултет на Универзитетот на Централна Флорида, кој не е вклучен во лекувањето на Бајден, пишува CNN. „Како што старееме, повеќето мажи ќе имаат клетки на рак во своето тело.“
Загриженоста поради возраста и здравјето на Бајден го следеше поранешниот претседател, најстариот во историјата на САД, во текот на целиот негов мандат, а се интензивираше по слабиот настап во дебатата со Доналд Трамп во јуни минатата година.
Во февруари 2024 година, Бајден беше подложен на лекарски преглед во воената болница Волтер Рид, а неговиот лекар Кевин О’Конор тогаш изјави дека „нема нови причини за загриженост“ и оти претседателот е „способен за извршување на должноста“.
Во новата книга напишана од новинарот на CNN Џејк Тапер и Алекс Томпсон од Аксиос се наведува дека соработниците на Бајден забележувале знаци на негово слабеење уште пред дебатата која заврши со негово повлекување од претседателската трка три недели подоцна.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска