Лекар со прегратка смирува расплакан повозрасен ковид пациент
Џозеф Варон работи како лекар кој згрижува пациенти заболени од коронавирус во болница во Тексас. Работел 252 дена без престан кога во единицата за интензивна нега здогледал расплакан постар маж заразен со Ковид-19.
Утешната прегратка на Варон за стариот маж на Денот на благодарноста била фотографирана од фотограф за "Getty Images" и веднаш потоа фотографијата станала вирална ширум светот.
Доктор Варон за "CNN" изјавил дека на влезот во единицата за интензива нега видел расплакан постар пациент кој се обидувал да стане од својот кревет и да излезе од собата. Лекарот го прегрнал и со прегратката успеал да го смири пациентот.
Човекот од фотографијата се чувствува подобро и додал дека се надева дека ќе излезе од болница пред крајот на неделата, изјавил лекарот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест