Лејди Гага во солзи го напушти доделувањето на наградите: „Мојот ангел ме напушти, потполно сум скршена!“
Пејачката и актерка Лејди Гага освои награда на овогодинешната церемонија на "Critics' Choice Awards" за најдобра актерка во филмот „Ѕвездата е родена“, како и за најдобра песна "Shallow", која ја изведува во ова филмско остварување.
Музичката ѕвезда беше трогната од ова признание, а во текот на говорот и заплака. Лејди Гага со емотивни зборови му се заблагодари на Бредли Купер, со кој глуми во филмот „Ѕвездата е родена“.
- Ти си магично човечко битие. Никогаш со режисер и актер не сум го почувствувала она што го почувствував со тебе - рече Лејди Гага, а потоа во солзи ја напушти сцената поради нејзината кобила која починала.
-Почестена сум и благословена поради наградите. Срцето ми пука од гордост но ме растажи веста која ме затекна по доделувањто на наградите, дека мојот драг ангел, кобилата Анабела умира. Брзам да се простам со неа. Нејзиното име значи „предајте и се на молитвата“, се обрати Лејди Гага на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија