Лефков: Вчерашниот протест чини многу помалку од еден ден крадење на владата
На денешната прес-конференција, пратеникот Миле Лефков одговараше на новинарско прашање за обвинувањата од страна на власта дека вчерашниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ, бил премногу скап.
Лефков рече цената на чинење на протестот е неспоредлива во однос на еден ден на крадење на владата на Ковачевски. Тие две работи се неспоредливи затоа што не можат да се споредуваат со само еден ден криминалното работење на оваа влада.
- Тој протест драматично чини помалку од златните виљушки кои ги користи Ковачевски во владата. Тој драматично чини помалку од само ден крадење во РЕК Битола, чини помалку од еден распишан и спроведен тендер за ископ на јаглен на фамилијата и на кланот кои се на власт и поради која народот плаќа секој ден поскапа струја.
Така да, протестот чини многу помалку од штетата која СДСМ и ДУИ ни ја прават секој ден.
Овој протест е неминовност и е нужност за СДСМ и ДУИ да си заминат од власт и конечно народот да си ја земе државата во свои раце. Уште еднаш ќе кажам, да не се прават вакви споредби, нека се охрабрат, ајде да одиме на избори! – рече Лефков
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата