Лефков: Грковска да каже што конкретно направила во владата во која е 4 години министер и лапа плата
Наместо да се однесува како аналитичар, Славица Грковска да каже што конкретно направила во владата во која е 4 години министер и лапа плата. Освен што држи предавања?
Таа е соучесник. Со тоа што дреме во владата и ништо не прави конкретно, нејзините јавни обраќања се ништо освен најобичен памфлет. Оттука ја прашувам да каже дали има криминал и корупција во нејзината влада?
1. Дали има криминал и корупција во случајот "Диво месо" и скандалот со Онкологија?
2. Дали има криминал и корупција во процесот со Коридорите 8 и 10, каде фирма за долен веш доби тендер за надзор над автопат?
3. Дали има криминал и корупција што Спасовски нарачал 250.000 обрасци и издавал пасоши за кои знаел дека важноста ќе истече порано од тоа што е впишано во нив?
4.Грковска да каже и дали има криминал и корупција кога братот на Артан Груби купува дуќан во центарот на Скопје по цена за квадратен метар од 700 евра, во услови кога реалната пазарна е 5 до 6 пати повисока?
5. Дали за Грковска има криминал во милионските тендери во РЕК Битола добиени од еден конзул на држава под санкции на ЕУ?
Се додека Грковска не каже јавно и јасно нека си ќути уште некое време нека си зема плата за џабе како што земаат сите тие што се во владата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци