Ледена бура во САД, температури до -43 степени
Леденото невреме може да донесе студен ветер кој може да предизвика смрзнатини за помалку од 10 минути, предупреди американската Национална метеоролошка служба. Тие ја нарекуваат бурата настан кој се случува „еднаш во животот“. Жителите од Пенсилванија до Мејн се повикани да го ограничат престојот надвор.
Најмалку 11 луѓе умреле во невремето на југот на САД од понеделникот. Во Тексас имало осум смртни случаи, два во Оклахома и еден во Арканзас.
Се очекува до денес наутро да бидат урнати десетина температурни рекорди во неколку држави, каде вкупно 82 милиони луѓе ќе се соочат со температури од -17 Целзиусови степени и пониски, пишува Би-би-си. Во Мејн, на пример, во делови од државата се очекуваат најниски температури забележани од 1971. Во градот Портланд се очекува температурата на ветрот да достигне -43 Целзиусови степени. Во блискиот Барлингтон, во Вермонт, во петокот биле измерени највисоки -20 Целзиусови степени.
И Бостон е под предупредување за екстремен студ. Во градот се затворени училиштата, како и во блискиот Ворчестер. Се очекува температурите во Њујорк и други поголеми градови да паднат околу -17 Целзиусови степени.
Над 320.000 луѓе синоќа и понатаму беа без струја во Тексас, Арканзас и Мисисипи. Екипите на брзата помош во Тексас од понеделникот одговориле на стоти повици за верижни судари, од кои некои фатални
Мешавина од леден дожд, снег и студен воздух веќе погодила делови од тој регион. Откажани се над 1.900 летови, а особено се погодени аеродромите во Тексас.
Овој временски феномен е предизвикан од арктички студен фронт кој се пробива кон југот, каде се соочува со топлиот и влажен воздух од Мексиканскиот Залив. Резултатот се зимските врнежи.
Ново на Сител
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
