Ледена бура предизвика колапс во САД
Зимското невреме, проследено со ледена бура, вчера парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз.
Додека ледената бура вчера се движеше кон исток, од западен Тексас сè до западна Вирџинија беа издадени предупредувања за опасност од невреме. И во текот на денешниот ден се очекуваат неколку серии мешани врнежи, вклучувајќи и замрзнат дожд и лапавица, што значи дека некои региони би можеле да бидат погодени од невремето повеќе пати предупреди Федералната метеоролошка служба.
Повеќе сообраќајни несреќи беа пријавени во Остин, Тексас, со најмалку една жртва, регистрира противпожарната служба во Остин. Во округот Тревис, Тексас, кој го опфаќа Остин, полицијата на секои три минути добивала повици за несреќи, соопштија локалните власти.
Само вчераутро во Тексас биле пријавени околу 7.000 прекини на електричната енергија,а тоа се должело на мраз на далноводите или соборени дрвја.
Флота од возила за итна помош беше испратена на дури 1.600 и патишта под мраз.
Во Арканзас, републиканската гувернерка Сара Хакаби Сандерс. вчера прогласи вонредна состојба поради ледената бура и кажа дека лошите услови на патиштата ја запреле утринската испорака на намирници до продавниците.
Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас најавија дека ќе бидат затворени, а наставата ќе се изведува онлајн.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
