-->
-->
ЛЕ: Вардар немоќен против Зенит
-->

Фудбалерите на Вардар се поразени убедливо со 5-0 во премиерниот натпревар од Лига Европа од рускиот Зенит кој ја потврди фаворитската улога и лесно дојде до победата на Филип Втори.
Гостите од Санкт Петерсбург уште од самиот почеток ја навестија својата висока класа и отворија со погодокот на Кокорин на самиот почеток од мечот.
Истиот играч уште еднаш ја потврди својата висока класа и со својот втор погодок со глава навести победа на гостите од Русија.
До крајот на првиот дел Ѕјуба го повиси водството на недостижни 3-0 за Зенит.
Во второто полувреме црвено-црните имаше шанса да фати резултатски приклучок преку Николов но овој биеше преку голот.
На 4-0 зголеми српскиот интернационалец Бранислав Ивановиќ а конечните 5-0 се дело на Ригони.
За две недели Вардар гостува кај Розенборг во Норвешка.
ФОТО: спортмедиа.мк
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
