ЛЕ: Шкупи не го издржа притисокот на Иброкс парк
СПОРТУспешно деби на Стиви Џи, Ренџерс славеше над Шкупи (видео)
Шкупи со два гола негатива се враќа од гостувањето во Глазгов, во првото квалификациско коло во Лига Европа. На култниот „Ајброкс парк“, шкотскиот великан Ренџерс го победи Шкупи со 2:0 (1:0).
Натпреварот против Шкупи, вечно ќе го памети легендарниот к…
Објавено пред 11 час - 12 јули, 2018Од TopSport.mk
Шкупи со два гола негатива се враќа од гостувањето во Глазгов во првото квалификациско коло во Лига Европа. На култниот „Ајброкс парк“ шкотскиот великан Ренџерс го победи Шкупи со 2:0 (1:0).
Натпреварот против Шкупи вечно ќе го памети легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард, бидејќи ова беше натпреварот со кој тој и официјално ја започна тренерската кариера.
На дебито на Џерард,на „Ајброкс парк“ имаше 50.000 навивачи.
Шкупи одигра добар натпревар против домаќинот, а за подобар резултат екипата од Чаир немаше и спортска среќа. Љамчевски во 14. минута го погоди дирекот, а Ренџерс вториот гол го постигнаа од пенал во 90. минута.
Домашните фудбалери имаа повеќе од играта, а кога дирекот ги спаси да не примат гол, успеаја да дојдат во предност со голот на Марфи во 22. минута.
Истиот играч беше фаулиран на почетокот на судиското надополнување на времето, судијата покажа на белата точка, а Таверние го постави конечниот резултат.
Реванш-натпреварот ќе се одигра во Скопје наредната недела.
Ново на Сител
-
Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда
-
Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“
-
Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места
-
Стан изгоре во пожар во Делчево
-
Заклучоци на Самитот на ЕУ: Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија
-
Кошта: Да изградиме заеднички европски одбранбен систем што ќе ја одвраќа секоја агресија
-
Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори
-
Сончево и многу топло, до 40 степени