Loading Video...
Фудбал
9. March 2018 - 11:46

ЛЕ: Победа на Арсенал на гостувањето кај Милан

Во фудбалската Лига Европа синоќа се одиграа првите дуели од осминафиналето, во кое дербито во Милано му припадна на Арсенал
 
Фудбалерите на Арсенал забележаа значајна победа во првиот меч против Милан и тоа на гостински терен на „Сан Сиро“ каде славеа триумф со 2-0.
 
Уште во 15-минута преку Михтарјан, гостите поведоа со 1-0. Впрочем „топчиите“ беа и поконкретни во текот на целиот прв дел кој беше надополнет пет минути, а токму во последната (45+5), Арон Ремзи зголеми на 2-0, што подоцна се покажа и како конечен резултат на овој меч. 
 
Значајна предност оствари Атлетико Мадрид кој со 3-0 ја совлада екипата на Локомотив Москва. 
 
Најмногу (четири) по голови беа постигнати на дуелите во Марсеј и Рим, каде Олимпик со 3-1 го победи Атлетик Билбао, а Лацио и Динамо Киев одиграа без победник 2-2.
 
Непријатно изненадување претрпеа фудбалерите на Борусија кои во Дортмунд загубија од Салцбург со 1-2. 
 
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: ЦСКА Москва – Олимпик Лион 0-1, Лајпциг – Зенит 2-1 и Спортинг Лисабон – Викторија Плзењ 2-0.
 
Реванш дуелите ќе се играат следниот четврток (15 март).